Јогурт врз главата на пратеничката Лидија Вукиќевиќ пред влезот на српското Собрание. Сцена која повторно ја отвори дебатата за политичката култура во Србија и за тоа колку малку се променило во начинот на кој се водат политичките пресметки.
Вукиќевиќ, актерка и членка на Српската напредна партија, беше полиена со јогурт пред зградата на парламентот, а инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи.
Но, покрај самиот настан, се наметнува и едно пошироко прашање: што навистина се промени во Србија од времето на претходната власт?
Вукиќевиќ е актерка позната по улогата во популарната серија „Подобар живот“, а воедно е и политички активна. Неодамна нејзиниот мандат како пратеничка во српското Собрание беше потврден, откако беше избрана на листата предводена од Српската напредна партија.
Инцидентот предизвика поделени реакции на социјалните мрежи. Дел од корисниците го осудија ваквиот чин, оценувајќи го како недолично однесување и дека ваков вид насилство не се ичекува од студентите. Други даваат поддрша за ова уличарско однесување.
Години наназад, политичките противници во Србија се пресметуваа на улиците, со навреди, физички напади, фрлање предмети и јавни понижувања. Денес, и покрај промените во политичките позиции, ваквите сцени повторно се дел од секојдневието. Нема разлика.
Србија очигледно не успеа да излезе од кругот на политичка нетрпеливост во кој противникот не се доживува како некој со поинакво мислење, туку како непријател.
Ако по сите промени повторно гледаме исти сцени, тогаш прашањето е дали во Србија навистина се сменил политичкиот систем на однесување или само оние што ќе ги трпат последиците.
