Избран е новиот Џемс Бонд

Од:

Според британските медиуми, потврдено е дека Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд, со што се става крај на повеќемесечните шпекулации за тоа кој ќе го наследи Даниел Крег во улогата на славниот таен агент.

Британскиот актер, познат по своите улоги во „Сагата Самрак“ (The Twilight Saga), „Бетмен“ (The Batman) и „Тенет“ (Tenet), ќе ја преземе една од најкултните улоги во историјата на светската кинематографија.

Веста за неговиот ангажман веќе привлекува големо внимание кај љубителите на познатата филмска франшиза, а публиката веројатно ќе биде љубопитна да види каква нова димензија тој ќе му даде на ликот на легендарниот агент.

За потсетување, Даниел Крег го толкуваше ликот на Џејмс Бонд во пет филма, а последен пат се појави во продолжението од 2021 година, насловено „Нема време за умирање“ (No Time to Die).

Би можело да ве интересира

Филмската историја на 007 се продава на аукција