„Разговори за иднината во 12:05“ бара незастарливост на конфискацијата на имот стекнат со политичка корупција

Од:

Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ бараат воведување незастарливост на кривичниот прогон и конфискацијата на противправно стекнатиот имот од политичари и функционери, како и зголемување на затворските казни за кривичното дело противправно стекнување и прикривање имот.

Во реакцијата по најавата за донесување нов Кривичен законик, тие оценуваат дека тоа е чекор напред во борбата против политичката корупција, но дека не дава одговор како ќе се спроведе правдата и ќе се исполнат очекувањата на граѓаните.

Според нив, новиот Кривичен законик е резултат на притисокот од Европската комисија, која и во годинешниот извештај за напредокот на Македонија ги посочила негативните последици од измените на кривичното законодавство во 2023 година.

„Борбата против политичката корупција не смее да се сведе на гола реторика и обиди за перење совест за претходните гревови“, наведуваат организаторите.

Тие изразуваат сомнеж дека меѓу актуелната власт и опозицијата постои договор за меѓусебна амнестија, потсетувајќи дека измените на Кривичниот законик во септември 2023 година беа усвоени во итна постапка, со европско знаменце, без ниту еден амандман од тогашната опозиција, која обезбеди кворум за гласање.

Во реакцијата се посочува и дека указот веднаш го потпишал тогашниот претседател на државата, додека иницијативата за оценување на уставноста на измените и барањето за времена мерка беа запрени од Уставниот суд на 25 февруари 2026 година.

Организаторите тврдат дека со измените биле намалени затворските казни за злоупотреба на службената положба, што овозможило побрзо застарување на делата поврзани со политичка корупција. Биле избришани и одредби за казнување злоупотреби во јавните набавки и оштетување на државниот буџет.

Според нивните проценки, околу 800 поранешни и актуелни функционери ги користат овие измени за да избегнат кривична одговорност.

„Корумпираните политичари, без разлика на етничката, верската и партиската припадност, мора да одговараат и покрај скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023 година“, наведуваат организаторите.

Тие предлагаат три конкретни законски решенија:

– По членот 112 од Кривичниот законик да се додаде нов член 112-а, со кој ќе се утврди незастарливост на кривичниот прогон и конфискацијата на противправно стекнатиот имот за кривични дела сторени од избрани и именувани лица, како и од јавни и државни службеници на централно и локално ниво кои располагаат со буџетски средства и државен капитал.

– Во членот 359-а, кој го регулира кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“, да се зголемат затворските казни. Предлогот е минималните казни од шест месеци и една година да се зголемат на три и пет години, а максималните од пет и осум години да се зголемат на десет и петнаесет години.

– Конечно да се усвои посебен Закон за потекло на имот, со кој ќе се воспостават правни механизми за испитување на потеклото на движниот и недвижниот имот на сите сегашни и поранешни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства.

Организаторите оценуваат дека е време декларативните заложби за борба против корупцијата да се заменат со конкретни законски решенија, со цел да се спречи каква било идна амнестија за политичарите и функционерите.

Би можело да ве интересира

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, нема да важат ретроактивно

Катерина Ѓуровски

Министерство за правда: По 30 години нов Кривичен законик

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Платформата 12:05 бара оставки од тројца министри за случајот со Ива Михаилова

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ