Ким Џонг-ун ја повикува војската да се подготви за војна

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни овластувања, вклучително и команда над нуклеарните сили, при што ги повика воените команданти да ги интензивираат подготовките за можна војна.

Овие промени доаѓаат во време на затегнати односи со Јужна Кореја – земја од чие обединување Пјонгјанг официјално се откажа, пишува „LADbible“.

Северна Кореја неодамна повторно го објави текстот на својот устав, речиси три години откако тој беше отстранет од официјалната веб-страница. Станува збор за устав што претрпе измени во март оваа година, со кои дополнително се зајакна моќта на Ким.

Изменетиот устав му дава на Ким Џонг-ун право на вето врз одлуките на парламентот, како и можност за отповикување на претставници кои ја изгубиле довербата на народот.

Како претседател на Комисијата за државни работи, тој доби експлицитно овластување да командува со нуклеарните сили, како и можност да го пренесе овластувањето за употреба на нуклеарно оружје на надлежното воено тело.

Овие промени дополнително ја зацврстуваат неговата позиција на чело на земјата, која технички сè уште е во војна со Јужна Кореја. Корејската војна заврши во 1953 година со примирје, но мировен договор никогаш не беше потпишан.

Изменетиот устав повеќе не содржи одредби за обединување на двете Кореи, туку ја дефинира Јужна Кореја како посебна држава. Со ова се потврдува пресврт во политиката на Пјонгјанг, што Ким го најави кон крајот на 2023 година.

„Промената во севернокорејскиот устав го одразува она што го знаеме веќе три години – Северна Кореја не сака да има никаква врска со Јужна Кореја“, изјави за „Newsweek“ Едвард Хауел, автор на книгата „Новата оска на немири: Северна Кореја, Русија, Кина, Иран“.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг повика на воспоставување траен мир, но Пјонгјанг ги отфрла обидите за зближување на двете земји.

Би можело да ве интересира

Русите нападнати со ракети од Северна Кореја

Ким Џонг Ун повторно избран за Генерален секретар на владејачката Работничка партија

Ким Џонг Ун го смени вицепремиерот пред партискиот конгрес

Ким Џонг Ун: Предизвиците не можат да ги попречат врските Северна Кореја и Русија

Трамп е нервозен од здружувањето на Путин, Си Џинпинг и Ким Џонг Ун

Би-Би-Си: Ова е фотографијата од парадата што светот ќе ја памети