Пијан возач направи сообраќајка во Охрид – полицајците му измерија 3,05 промили алкохол во крвта

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 14:26 часот на ул. „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода Б.П.(44) од Охрид.

Тој, претходно бил учесник во сообраќајна незгода помеѓу моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки кое го управувал и автомобил „опел“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.В.(67) од охридското село Лескоец.

При извршено алкотестирање, полициските службеници кај Б.П. констатирале 3,05 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај.

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на настанот против Б.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка нападната од сосетките

А1он

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

За шест часа полицајците напишаа 708 казни за брзо возење

А1он

Скопјанка (65) заврши зад решетки – му носеше марихуана на синот затвореник

А1он

Почина 37-годишник во Тетово, ќе му прават обдукција

А1он

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он