Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 16:30 часот на ул. „Финска“ во Скопје во угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишија од слобода Е.О.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено дело по член 396 од Кривичниот законик.

При преглед кај него бил пронајден и одземен пиштол.

Исто така во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Центар го лишија од слобода З.И.(64) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со огнено оружје упатувал закани кон едно лице.

По извршени проверки и при преглед на теренот бил пронајден и одземен пиштол и рамка со куршуми, додека при преглед на патничко возило „форд“ биле пронајдени и одземени дополнителна рамка за пиштол и куршуми.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Го запре возилото поради дефект, па во него удри автомобил на автопатот Скопје – Куманово

А1он

Уапсена e 24 годишна жена од Крива Паланка – го нападна сопругот со нож

А1он

Со фалс платен налог измами тетовец за 13.500 евра – кривична за скопјанец

А1он

Син нападна мајка во Гевгелија, а ќерки ги натепаа мајките во Скопје и Кочани

А1он

Син тепаше мајка, татко со закани кон синот, најмногу напади на сопругите – за едно деноноќие 15 пријави за семејно насилство

А1он

Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка нападната од сосетките

А1он