Руте: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Од:

Генералниот секретар на НАТО – Марк Руте, изјави дека сè уште не е јасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори за конфликтот во Украина и средбата на американските пратеници со рускиот претседател Владимир Путин.

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни, првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, но исто така и Европејците и Украина, работат ден за ден за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира содржината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста линија“.

Руте ги отфрли тврдењата дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако Вашингтон и Москва навестија можност за преиспитување на европските безбедносни аранжмани како дел од тековните разговори.

„Тоа не е тема за дискусија“, додаде Руте.

Руте нагласи дека за него „е многу важно Европејците, Украина и САД да се усогласат околу тоа што е прифатливо, а што не“.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

Украински пилот загина откако руска ракета го собори неговиот „МиГ-29“

А1он

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

(ВИДЕО) Русија погоди станбена зграда во Одеса – објавена е снимка од страшниот напад

А1он

Москва: Украинците се обидуваат со провокации да ги вовлечат своите западни инструктори подлабоко во војната

А1он

Трамп: Ќе ставиме крај на конфликтот во Украина

А1он