За шест часа полицајците напишаа 708 казни за брзо возење

Од:

При акциска контрола за брзо возење, за шест часа констатирани биле 708 прекршоци, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во периодот од 11 до 17 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведената контрола констатирани се вкупно 708 прекршоци за управување со возило со брзина поголема од дозволената, од кои 360 надвор од населено место и 348 во населено место – информираа од МВР.

Во рамки на контролата евидентирани биле и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

– Дополнително, констатирани се 98 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи – се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Скопјанка (65) заврши зад решетки – му носеше марихуана на синот затвореник

А1он

Почина 37-годишник во Тетово, ќе му прават обдукција

А1он

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он