Облачно без дожд, температури до 15 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од денеска времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Утре, во петок и в сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Би можело да ве интересира

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд