Кандидатот на Национална алијанса за интеграција Аркин Јахиј на вториот круг од изборите за градоначалник во Брвеница освоил 4442 гласа, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски 4177 гласови, објави Државната изборна комисија на прес-конференција.
Ова се првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат од сите 24 избирачки места во десетте населени места во општина Брвеница.
Одѕивот на гласачите е 54, 29 отсто односно на гласање излегле 8. 820 избирачи.
Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ на прес-конференцијата изјави дека гласањето минало во фер и демократска атмосфера.
Приговори за гласањето може да се поднесе до вторник.
