Фон дер Лајен сè уште нема дадено изјава пред обвинителите за набавката на вакцини од „Фајзер“

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, сè уште нема дадено изјава пред Европското јавно обвинителство (EPPO) во рамките на истрагата за набавката на вакцини против коронавирусот во 2020 година, објави денеска „Политико“.

Обвинителите ја истражуваат Фон дер Лајен поради сомневања за корупција и судир на интереси, како и за уништување текстуални пораки, се наведува во документите до кои дојде „Политико“.

Лице вклучено во случајот, кое сакаше да остане анонимно, тврди дека во 2024 година, EPPO ја презело белгиската истрага за наводни кривични дела поврзани со преговорите за вакцини помеѓу шефицата на Европската комисија и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Портпаролот на Европската комисија, Томас Рајниер, изјави дека институцијата целосно соработува со EPPO за да се расветлат фактите во случајот.

Главниот европски обвинител, Лаура Ковеши, претходно во интервју за „Политико“ изјави дека во неколку наврати се сретнала со претставници на ЕУ кои одбивале да одговорат на повиците од нејзиниот кабинет.

„Некои политичари мислат дека се над законот. Ако сте повикани да дадете изјава, мора да дојдете“, рече обвинителката.

Таа наведе дека се соочува со чести напади и обиди да се поткопа EPPO и неговата работа.

EPPO е основано во 2017 година со цел сузбивање на кривични дела поврзани со злоупотреба на буџетот на ЕУ, а со работа започна во 2021 годин

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Фон дер Лајен: Пресудата од Хаг мора да се почитува, никој не може да ја прекројува историјата на Косово

А1он

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски