Фудбалерот на Фиорентина, Алехандро Хименез, постигна еден од најубавите голови оваа сезона.
Нема сомнеж дека за овој погодок многу ќе се зборува кога ќе дојде време за доделување на наградата „Пушкаш“ за најдобар гол.
https://t.co/dczoiKd2ef
— Ottawatopys (@ottawatopys) October 25, 2026
Хименез ги воодушеви Италија и Европа со својот погодок на натпреварот против Интер.
Неговиот удар во 65-тата минута на стадионот „Џузепе Меаца“ беше совршен, и тоа од позиција која воопшто не беше лесна.
Со овој гол на Хименез, тимот од Фиренца поведе на гостувањето во рамките на осмото коло од Серија А.
Се чинеше дека Фиорентина ќе приреди изненадување против Интер, бидејќи имаа предност сè до самиот крај на натпреварот, односно до судиското надополнување.
Но, тогаш следеше голем пресврт.
Во 91-вата минута, Маркус Тирам израмни на 1:1, а во 97-мата минута, Пјотр Зјелински погоди од пенал и му донесе победа на Интер.
Со тоа, Интер остана на делба на првото место со Лацио, бидејќи двата тима имаат по 22 бода.
