Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта.

Во рамките на меѓународната програма, таа ја проследи свечената седница на Националното собрание на Унгарија, на којашто се обратија неговата претседателка, Агнеш Форстхофер, унгарскиот претседател Андреш Бака, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и министерот за финансии на Норвешка, Јенс Столтенберг, соопшти кабинетот на претседателката..

Унгарскиот претседател Бака се осврна на идеалите и историското значење на револуцијата во 1956 година. За него, седум децении потоа, европската демократија и солидарност повторно се исправени пред голем предизвик. Тој повика на меѓусебна почит, одговорност и разбирање.

Фон дер Лајен и Кошта го потенцираа европското единство, ги поздравија демократскиот напредок и реформите во Унгарија и ги нагласија придобивките коишто земјата ги стекнала со членството во ЕУ изминативе 22 години.

Со едноминутно молчење, присутните оддадоа почит кон жртвите на револуцијата. На свечената седница беше прикажан и документарен филм.

За Сиљановска-Давкова Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ. Според неа, чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа.

„Убаво е да се чујат највисоките претставници на ЕУ, кога велат дека Унгарската револуција има голем придонес во изградбата на демократијата, дека вреди да се бориме сите за Европа, како наш заеднички дом“, изјави претседателката.

Централниот комеморативен собир се одржа на плоштадот „Лајош Кошут“.

Сиљановска-Давкова присуствуваше на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар

Би можело да ве интересира

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка