Конте е подготвен да го преземе Манчестер Јунајтед

Од:

Поранешниот предводник на Челси, Тотенхем и Наполи, Антонио Конте, е подготвен да застане на чело на великанот од Манчестер, доколку клубот одлучи да го смени менаџерот.

Поразот од Атлетико Мадрид (0:2) во Лигата на шампионите ја продолжи црната серија на Јунајтед на пет натпревари по ред без победа. Во Премиер лигата, ситуацијата е уште позагрижувачка – клубот се наоѓа дури на 13-тото место со само една победа во првите шест кола, што е официјално најлошиот старт на една сезона за „Црвените ѓаволи“ во последните 40 години.

Иако Конте традиционално претпочита да презема тимови за време на летните подготовки, од таборот на италијанскиот стратег навестуваат дека тој е подготвен на компромис и да се вклучи во проектот среде сезона.

Во неодамнешното интервју за „The Athletic“, Конте упати јасна порака до клубот-великан кој се наоѓа во тешка ситуација:

„Ако одите во клуб чија историја зборува сама за себе, можете да ѝ оддадете почит на таа историја само на еден начин: преку амбицијата да го вратите клубот таму каде што припаѓа и да се борите за трофеи. Би сакал да отидам во таков клуб, да ја ’избришам прашината‘ од таа историја и повторно да направам таа да блесне. Сакам клуб каде што постои притисок и каде што се атакува на највисоките цели.“

Раководството на Јунајтед официјално сè уште му дава поддршка на Керик, но доколку кризата со резултатите наскоро не престане, Конте се издвојува како опција број еден за спасување на сезоната.

Би можело да ве интересира

Бруно Фернандеш е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед го победи Ливерпул во дербито на Премиер лигата

Нико Ковач – кандидат за менаџер на Манчестер Јунајтед

А1он

(ВИДЕО) Манчестер е „црвен“ – Јунајтед го победи Сити во дебито на Карик на клупата

А1он

Манчестер Јунајтед го објави името на новиот менаџер

А1он

Манчестер Јунајтед се враќа 111 години наназад

А1он