Денеска сончево со мала до умерена облачност

Од:

Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето во текот на денов ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, следува период на променливо облачно и стабилно време – освен во петок, кога ќе има слаби локални врнежи од дожд што на повисоките планини ќе бидат од снег.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска сончево и топло со температури од 30 до 37 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи