Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

Од:

Во врска со кривично правниот настан, кој се случил на 07. овој месец околу 20:25 часот на ул. „Црногорска“ во Скопје каде при заседа на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, а по претходно добиени оперативни сознанија дека ќе биде извршено кривично дело по член 215, купопродажба на марихуана, веднаш по добиените информации преземени се соодветни мерки и од страна на полициските службеници даден е знак за запирање на патничкото возило „бмв“.

Откако полициските службеници се упатиле кон возилото со цел легитимирање и преглед, возачот го стартувал возилото, при што удрил во бандера и во истиот момент преку прозорецот фрлил кеса со марихуана.

Во тој момент еден од полициските службеници го извадил својот службен пиштол и од совозачката страна на полуотворениот прозорец издал наредба „стој полиција“, при што од страна на лицето од совозачката страна му бил одземен службениот пиштол, а возачот го стартувал возилото и се дал во бегство.

Полициски службеници кои биле поставени во близина, се упатиле по возилото кое со голема брзина се движело по ул. „Ѓорче Петров“ кон автопатот Скопје-Тетово, при тоа оглушувајќи се на звучните и светлосни знаци од полициските службеници, а од страна на еден полициски службеник испукани се и три предупредувачки проектили во воздух.

Во еден момент возилото „бмв“ удрило во банкина на автопат и се извртело, по што од возилото излегле возачот П.А.(24) и совозачот Е.П.(21). Лицата се лишени од слобода, пиштолот е одземен, а по извршено пребарување на теренот пронајдена е кеса со марихуана.

Во координација со ОЈО Скопје од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО, денеска поднесена е кривична пријава против Е.П. и П.А. за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие” по член 382 од Кривичниот законик и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик, а против М.Т. за кого постојат сознанија дека е поврзан со случајот поднесена е кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик.

Исто така, за настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, кој презема мерки и активности во врска со евентуалните неправилности при постапувањето на полициските службеници во овој случај.

Би можело да ве интересира

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице