Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции – Кирил Дмитров, ги оцени изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Владимир Зеленски како „значаен и историски момент“.
Трамп изјави дека Зеленски „сака да создава проблеми за светот“.
„Дипломатијата на Трамп го разоткри Зеленски“, напиша Дмитров на социјалната мрежа „Икс“.
Тој додаде дека Трамп им се придружил на оние кои сметаат дека на Украина ѝ е потребно раководство фокусирано на мир, а не на, како што наведе, воено-хушкачката политика на Зеленски.
„Време е Украина да добие нов претседател“, рекол Трамп, според цитатот објавен од Дмитров.
„Значајно и историски“, коментираше тој.
