За сопственото здравје често наоѓаме време дури кога нешто ќе нè потсети дека треба да застанеме и да се провериме. Токму затоа, во октомври, месецот посветен на женското здравје и подигнувањето на свеста за ракот на дојка, Flex Group и оваа година на жените во својот тим им подарува можност за бесплатен превентивен преглед на дојка.
Она што започна како иницијатива за подигнување на свеста за важноста на превенцијата, денес прерасна во традиција во рамки на Групацијата. Наместо грижата за женското здравје да остане само порака во текот на октомври, Flex Group ја претвора во конкретна можност секоја вработена да одвои време за себе и да направи превентивна проверка.
Групацијата, која ги обединува Flex Credit, продукт Zemi Pari, Flex Broker, Националната агенција за наплата (НАН) и Flex Pay, брои речиси 460 вработени, од кои жените сочинуваат повеќе од 90 проценти од тимот. Токму затоа, темата за женското здравје за Flex Group не е само дел од календарот на општествено одговорни активности, туку тема што директно ги засега луѓето кои секојдневно ја градат компанијата.
„Кога најголемиот дел од вашиот тим го сочинуваат жени, грижата за нивното здравје не може да биде тема само еден месец во годината. Но, октомври е добар потсетник да застанеме и да направиме нешто важно за себе. Нашата цел е овие превентивни прегледи, кои се дел од тадиционалната грижа за вработените во Flex Group, да бидат една причина помалку за одложување на прегледот за ‘некогаш подоцна’. Ако барем една жена навреме одвои време за себе и за своето здравје поради оваа иницијатива, тогаш целта е постигната, вели Лилјана Бојковска, HR Manager на Flex Group, која го води процесот во рамки на групацијата.
Со оваа иницијатива, Flex Group не останува само на потсетувањето дека превенцијата е важна, туку на своите вработени им овозможува таа проверка навистина да ја направат.
Грижата за вработените започнува со создавање услови тие да се грижат за себе – не само денес, туку и во иднина.
ПР текст
