Во 2025 година дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

Од:

Илјада пациенти со канцер на дојката се дијагностицирани минатата година и во овој момент на активен третман на Клиниката за радиотерапија и онкологија се 7.000 заболени – истакнаа на Здружението „Хема-онко“ на настанот, што го организираа денеска на Клиниката, а е посветен на пациентите, здравствените работници и на заедничкото градење подобра и посеопфатна онколошка грижа, со наслон „Појадок со ‘Хема-онко’“.

Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, изјави дека минатата година се воведени нови лекови за болните од канцер, конкретно за канцерот на дојката, го зголемивме бројот на пациенти што се третирани со специфичен третман.

– Почнавме нешто делумно да функционира, односно дисперзијата да функционира делумно како консултативно-специјалистичка дејност во Градската општа болница „8 Септември“. Продолжуваме понатаму и годинава, се надеваме и следната, онколог од Скопје ќе оди во Клиничката болница во Битола. Тоа е она што можеме да го направиме за доброто на пациентите и за делумно растоварување на метежот во Клиниката. Понекогаш терапијата може да доцни минимално заради дистрибутивните недостатоци. Во врска со идејата во времето на претходниот министер за здравство за тригодишна набавка за дел од терапиите, рече дека работат и дека најверојатно тоа да можат да го направат во следната јавна набавка за 2027 година, рече проф-д-р Стојковски.

На прашање колку чекаат пациентите кога ќе дојдат да примат терапија со оглед на тоа дека на социјалните мрежи пациенти постојано реагираат дека ќе дојдат изутрина на Клиниката, а ќе завршат попладне со терапијата, тој рече дека тоа зависи од терапијата и дека различни терапии различна должина имаат.

Во врска со тоа што со години се говори за процес на дисперзија (децентрализација) на онколошката терапија во Градската општа болница „8 Септември“, Битола и во Штип, тој посочува дека планирано е дисперзијата да е во неколку фази.

– Почна првата фаза, тоа е специјалистичко-консултативна дејност. Се надеваме дека во наредната година ќе почне значи и дневна болница да функционира, значи неколку фази е. Тоа зависи од инфраструктурата на болниците. Примарно е безбедноста на пациентите да биде соодветна, значи тоа подразбира покрај кадар и инфраструктура соодветна, значи да може терапијата да се прима безбедно. Дека е проблем – да, постои, значи и сами можете да видите, истакна проф. д-р Стојковски.

Би можело да ве интересира

Случај „Онкологија“: Одбраната тврди дека медицинските одлуки не биле одговорност на еден човек

Нема радиоактивна контаминација и пацентите и апаратите се безбедни, велат од Онкологија откако вчера имаше поплава во клиниката

Не дојде техничкиот советник на Обвинителството, се одложи рочиштето за „Онкологија“

Горан Наумовски

Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема