Конте: Во Англија денес користат базуки, додека сите други сè уште користат пиштоли

Од:

За италијанскиот фудбалски стратег Антонио Конте, второто место речиси и да не постои. Може да освои медал и да остане запишан во статистиката, но она што се памети е победата.

„Знаете ли дека имам сребрен медал од Светско првенство?“ – прашува Конте, потсетувајќи се на Мундијалот во 1994 година во разговор за британските медиуми.

„Се памети дека Бразил победи во финалето. Не и дека Италија загуби на пенали. Да победевме, денес ќе бев светски шампион“ вели тој.

Истиот став го има и за финалето на Европското првенство во 2000 година, кога Италија загуби од Франција со „златен гол“.

„Кој се сеќава на тоа денес? Ме нервира, но тоа е вистината. Никој не памети кој бил вториот вели Италијанецот.“

Конте вели дека поразите го направија тренер каков што е денес.

„Многу победував, но и многу губев. Затоа се обидувам да го пренесам тој натпреварувачки дух на играчите. Ако загубите во финалето на Светското првенство или во Лигата на шампионите, можеби мислите дека ќе има уште можности. Но, не мора да значи дека ќе ги има“ вели тој.

Неговиот победнички менталитет најдобро се покажа во Челси. Во сезоната 2016/17, веднаш по доаѓањето во Англија, ја освои Премиер лигата со тимот што претходната сезона ја заврши на десеттото место.

По поразот од 3:0 од Арсенал, тој го промени системот, премина на игра со тројца во одбраната, го претвори Виктор Моузес во крилен бек, а Челзи ја заврши сезоната со 30 победи и 93 бода.

„Ја освоивме таа Премиер лига како аутсајдери“, вели Конте.

Тој особено се сеќава на Н’Голо Канте, чие доведување тогаш предизвика дилеми во клубот.

„Клубот десет пати ме праша дали сум сигурен за него. Кога првпат го видов, и јас имав одредени сомнежи поради неговата физичка градба. Но, бев убеден дека е врвен играч“ вели Конте.

Конте подоцна го презеде Тотенхем, кој го одведе од деветтото до четвртото место и до Лигата на шампионите.

Сепак, тој вели дека не е доволно тренерот само да бара пари за засилувања.

„Во Англија денес користат базуки, додека сите други сè уште користат пиштоли. Но, поентата не е само да имате пари. Мора да знаете како да ги потрошите“ смета стратегот.

Конте би прифатил нова работа во текот на сезоната „ако вреди“, а особено го привлекуваат клубови со голема историја кои се оддалечиле од своите поранешни стандарди.

„Ако одите во клуб чија историја зборува сама за себе, мора да имате амбиција да го вратите во борбата за најголемите цели“ вели тој.

За него, целиот клуб мора да верува во победа, дури и кога шансите се минимални.

Затоа, Конте јасно знае каков предизвик сака.

„Постојат клубови кои донекаде ја изгубиле од вид сопствената историја. Би сакал да отидам во еден од нив, да ја избришам прашината од таа историја и да направам таа повторно да заблеска“. заклучи Конте.

Би можело да ве интересира

Финскиот премиер го брани Кошта: Добро е да се разговара со Русија

Кошта: ЕУ е најважниот партнер на Србија, вратите на Унијата се отворени

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

ВИДЕО: Немам намера да поддржам авантура без извесен крај, Мицкоски пред средбата со Кошта

Катерина Ѓуровски

Антонио Кошта денеска во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски