AITONIX и Dell Technologies: Како AI ја менува инфраструктурата и сајбер-безбедноста

Од:

Повеќе од 60 претставници од ИТ секторот и бизнис-заедницата се собраа во Скопје на настанот „AI Transformation & Cyber Resilience: Building a Secure Digital Future“, организиран од AITONIX во соработка со Dell Technologies.

AITONIX е авторизиран дистрибутер на Dell Technologies за enterprise портфолиото, вклучувајќи серверски и сториџ решенија и решенија за заштита и backup на податоци, како и за commercial сегментот на деловни производи – лаптопи, десктоп компјутери, монитори и друга клиентска опрема.

Настанот ги обедини експертите, ИТ професионалците и претставниците на бизнис-заедницата околу едни од најактуелните теми за современите организации – примената на вештачката интелигенција, AI-ready инфраструктурата, edge computing, управувањето со податоци и сајбер-отпорноста.

Во фокусот не беше само прашањето како компаниите да ја применат вештачката интелигенција, туку и како да изградат сигурна и скалабилна ИТ инфраструктура способна да ги поддржи новите AI работни оптоварувања, растечките количини податоци и сè покомплексните безбедносни предизвици.

Во рамки на настанот се одржа и панел-дискусија на која експертите од Dell Technologies и AITONIX разговараа за практичните предизвици и можности што ги носи AI трансформацијата. Посебен фокус беше ставен на Computer Vision, edge инфраструктурата и управувањето со неструктурирани податоци, како и на улогата на Dell NativeEdge и Dell PowerScale во современите ИТ средини.

Дискусијата ја опфати и примената на AI PC уредите, нивното прифаќање и практична употреба од страна на вработените, како и потребата од интегриран пристап кон заштитата на корисниците, уредите и податоците.

Значаен дел од разговорот беше посветен на сајбер-отпорноста и деловниот континуитет, особено во услови кога примената на AI дополнително ја зголемува комплексноста на ИТ средините и создава нови безбедносни предизвици. Панелистите разговараа и за актуелните предизвици поврзани со ИТ инвестициите, достапноста и цените на хардверот, како и за тоа кои фактори, според практичното искуство од реални имплементации, ја прават една технологија долгорочно вредна за корисникот.

„AI трансформацијата денес не значи само воведување нова технологија, туку создавање инфраструктура која може безбедно да ги поддржи новите потреби на бизнисот. Од edge средините и обработката на податоци, до AI и сајбер-отпорноста, клучно е различните технологии да функционираат како интегрирана целина. Само така инвестициите во AI можат да создадат долгорочна и мерлива вредност за организациите“, истакна Саша Ристеска, продукт менаџер за Dell Technologies во AITONIX.

Еден од клучните заклучоци од дискусијата беше дека успешната AI трансформација бара многу повеќе од моќен хардвер. Потребни се скалабилна инфраструктура, квалитетно управување со податоците, високо ниво на сајбер-безбедност и јасна поврзаност на технологијата со реалните деловни потреби.

“Во ерата на AI, организациите треба паралелно да размислуваат за перформанси, податоци, скалабилност и сајбер-отпорност. Нашиот фокус е да им помогнеме да изградат технолошка основа која ќе може сигурно да ги поддржи новите AI работни оптоварувања и идниот раст“, истакна Гоце Јанкулоски, Regional Territory Manager CEE за Unstructured Data Solutions во Dell Technologies.

Преку ваквите настани, AITONIX и Dell Technologies го поврзуваат глобалното технолошко знаење и искуство со локалната експертиза и практичните потреби на компаниите во Северна Македонија и регионот. Настанот беше можност за размена на искуства, конкретни перспективи и дискусија за тоа како организациите можат да се подготват за следната фаза од AI и дигиталната трансформација.

Како локална компанија со повеќе од 25 години искуство, AITONIX обезбедува ИТ дистрибуција, enterprise технолошки решенија, сајбер-безбедност, развој на софтвер и професионални ИТ услуги. Преку долгогодишни партнерства со водечки глобални технолошки компании, AITONIX ги комбинира меѓународните технологии со силна локална експертиза и длабоко познавање на пазарите на кои работи.

ПР текст

 

 

Би можело да ве интересира

AITONIX го претставува AITONIX Direct – ново онлајн искуство за купување технологија

А1он

Јордан Димитровски избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

Беспрекорна продуктивност – АИТОНИКС го претставува новото AI PC портфолио на DELL!

Горан Наумовски