Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Западот ќе мора да ја прифати реалноста на мултиполарниот свет и да научи да соработува со земјите од „светското мнозинство“, предупредувајќи дека претстои живот во „нестабилен свет што се менува“.
Говорејќи на пленарната седница на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“, Путин посочи дека светот влезе во период на големи промени и дека е неопходно внимателно управување со ризиците за да се избегнат катастрофални последици, пренесува РИА Новости.
„Претходниот хегемон неизбежно ќе мора да ги признае реалностите на мултиполарниот свет. Ќе мора да научи да соработува со земјите од светското мнозинство“, рече Путин.
