Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одби одредени видови многу моќна американска муниција бидејќи Украина ги нема авионите и потребната опрема за нивна употреба.

Трамп го изјави ова во интервју за американското списание „Тајм“, објавено денеска, според транскриптот од разговорот што го пренесе тој медиум.

„Постои муниција што претседателот Зеленски одби да ја земе, а станува збор за многу моќна муниција. Тој одби да ја земе бидејќи ги немаше авионите и она што е потребно за таа муниција“, рече Трамп.

Американскиот претседател не прецизираше за какви видови муниција станува збор, ниту кога Вашингтон му го понудил тоа оружје на Киев.

Во интервјуто, Трамп зборуваше и за состојбата на американските воени резерви, отфрлајќи ги тврдењата за нивно исцрпување.

Тој изјави дека САД располагаат со големи количества моќна муниција и дека се работи на зголемување на производствените капацитети.

Според него, американските компании, вклучително и „Рејтион“ (Raytheon), работат на проширување на производството и изградба на нови фабрики за различни системи за вооружување.

Трамп наведе дека се градат производствени капацитети за системите „Патриот“ (Patriot) и „ТААД“ (THAAD), како и за други видови воена опрема, нагласувајќи дека американските резерви се обновуваат и зголемуваат.

Би можело да ве интересира

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „На ракета, да те е**м“ – снимка од одговорот на Зеленски на руски новинар стана вирална

Катерина Ѓуровски

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“