Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека Париз ќе го заштити клучниот нафтен терминал во Саудиска Арабија.
Тој наведе дека Франција ќе испрати воена опрема и персонал, за да го заштитата клучното јеменско пристаниште Јанбу по нападот на Хути.
– Ќе испратиме воена опрема и персонал, имено војници, радари и одбранбени системи, за да го заштитиме овој терминал. Не со цел да се вклучиме во каков било конфликт, туку исклучиво за да ги заштитиме објектите, посочи Макрон.
Во Јанбу се сместени големи складишта на нафта и рафинерии, како и нафтоводот Исток-Запад, долг повеќе од 1.200 километри и со капацитет до седум милиони барели дневно.
