Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 18 часот недалеку од Бујановац во Србија, потврдија од Службата за итна помош при Здравствениот дом во Бујановац.
Несреќата се случила на главниот пат (стариот магистрален пат) кон Врање, а во неа се повредени неколку лица.
Според неофицијални информации, дошло до судир меѓу два автомобила.
Екипи на итната помош од Бујановац ги превезе повредените во Здравствениот дом во Врање.
Патот е затворен за сообраќај, а полицијата ги пренасочува возилата што доаѓаат од правец на Врање преку Бујановачка Бања, додека оние од правец на Бујановац се пренасочуваат кон стариот пат.
