Њујорк тајмс ги избра 100-те најдобри серии на 21 век: „Breaking Bad“ на прво место

Од:

„Њујорк тајмс“ објави листа со 100-те најдобри телевизиски серии на 21 век, составена врз основа на гласовите на повеќе од 500 истакнати актери, сценаристи, режисери и експерти од телевизиската индустрија. На првото место се најде серијата „Breaking Bad“.

Телевизиската уметност во целост ја одбележа популарната култура во 21 век. Со доаѓањето на ерата на „златното доба на телевизијата“, развојот на стриминг-платформите и масовното преминување на филмските ѕвезди и врвните режисери на малите екрани, телевизијата доживеа голема трансформација.

За да го одбележи тој период, „Њујорк тајмс“ спроведе голема анкета и објави листа со 100-те најдобри телевизиски серии прикажани од 1 јануари 2000 година.

Во изборот учествуваа повеќе од 500 влијателни луѓе од телевизиската индустрија, меѓу кои холивудските ѕвезди Елизабет Мос, Адам Скот, Брајан Кренстон, Роуз Бирн, Колман Доминго и Џејсон Бејтмен, како и познати автори како Дејмон Линделоф, Лена Данам, Лена Вејт и Ноа Холи.

Секој од нив предложи свои 10 омилени серии. Важно е да се напомене дека серии како култните „The Sopranos“ не беа во конкуренција бидејќи премиерно беа прикажани пред 2000 година, односно во 1999 година.

На врвот на престижната листа се најде култната драмска серија „Breaking Bad“ (2008–2013), приказна за професорот по хемија Волтер Вајт, кој влегува во светот на производство и продажба на дрога.

Веднаш зад неа, на второто и третото место се најдоа познатите драми на HBO, „The Wire“ (2002–2008) и „Mad Men“ (2007–2015).

Топ 10 најдобри серии на 21 век според „Њујорк тајмс“:

Breaking Bad (2008–2013)
The Wire (2002–2008)
Mad Men (2007–2015)
Succession (2018–2023)
Fleabag (2016–2019)
Game of Thrones (2011–2019)
Veep (2012–2019)
30 Rock (2006–2013)
Curb Your Enthusiasm (2000–2024)
Atlanta (2016–2022)

Меѓу првите 20 серии се најдоа и други популарни наслови, како американската верзија на хумористичната серија „The Office“ на 11. место, британската серија „Girls“ на 13. место и историската драма „The Crown“ на 20. место.

На листата се најдоа и серии кои станаа глобални хитови, како „Peaky Blinders“ на 43. место, „Stranger Things“ на 53. место, „Squid Game“ на 72. место, „House“ на 95. место и „Gilmore Girls“ на 99. место.

Целосниот список од 100 серии носи разновиден избор на комедии, сериозни драми и документарни формати кои го одбележаа телевизискиот свет во изминатите две децении.

Би можело да ве интересира

Хрватските бранители бараат забрана за Бајага, Илиќ и Брена

Предраг Петровиќ

Никол Кидман ги тргна периките и ја покажа природната коса – многумина изненадени

Предраг Петровиќ

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа

Белгиец потрошил околу 10.000 евра верувајќи дека е во емотивна врска со канадската пејачка Селин Дион

Предраг Петровиќ