Облачно и постудено со повремен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта и утре претпладне. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 л/м²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 13 степени, а дневната од 11 до 23 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната ќе биде до 18 степени.

Би можело да ве интересира

Сончево и постудено утро, до 25 степени во текот на денот

Сончево денеска и утре, во петок дожд

До крајот на оваа недела посвежо време со ниски утрински температури

Променливо облачно, попладне локални врнежи и невреме

Претпладне променливо облачно, попладне дожд

А1он

Топло денеска, ќе има и дожд во следните денови, од вторник пониски температури