Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3 отсто, согласно законското решение за усогласување на пензиите.
Зголемувањето овојпат нема да биде линеарно, како што бараа дел од пензионерите, туку процентот ќе се пресметува врз постојниот износ на пензијата.
Новите износи се очекува да се применат при исплатата следниот месец. Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување веќе се вршат пресметките за новите износи.
Колку денари ќе изнесува зголемувањето ќе зависи од висината на пензијата што досега ја прима секој пензионер.
Во изминатите две години пензиите беа зголемени линеарно во четири наврати, за вкупно 7.000 денари.
