Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

Од:

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски денеска се сретна во Њујорк со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за предлози за прекин на огнот во Украина и за можен пат кон завршување на руската инвазија.

Двајцата претседатели се меѓу стотиците светски лидери и дипломати собрани во Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации, највисокиот меѓународен форум за дискусија за глобалните кризи и предизвици.

Зеленски претходно изјави дека на средбата носи „конкретни безбедносни предлози и мерки за де ескалација кои би можеле да го забрзаат крајот на војната“.

Средбата се одржа во момент кога Вашингтон повторно се обидува да посредува за завршување на сеопфатната војна меѓу Русија и Украина, која трае повеќе од четири и пол години.

Тие напори претходно оваа година заглавија поради територијалните претензии на Москва и фокусот на Вашингтон врз војната со Иран.

Пред средбата, Зеленски ја истакна потребата од „силни чекори кон де ескалација“ со цел да се приближи мирот.

„Енергетскиот сектор на Украина, критичната инфраструктура и нашиот извоз на храна мора да престанат да бидат цел на Русија, а тоа ќе доведе до соодветни чекори за деескалација од наша страна“, напиша Зеленски на мрежата „Икс“.

Тој исто така предупреди дека „веќе нема да биде случај само нападнатата земја да трпи последици“.

„Природата на војната сега е таква што и агресорот ќе ги сноси последиците“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он

Зеленски: Договорив средба со Трамп, тоа може многу да промени

А1он

Трамп со остри закани за Иран: Нека се однесуваат како што треба, ќе ја уништам цела нација

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он

ВИДЕО: Рекордни цени на дизелот во САД, Трамп го обвини Зеленски

(ВИДЕО) Трамп со музика ги забавуваше новинарите во авион – им пушташе Доли Партон, Павароти, АББА…

А1он