До крајот на оваа недела посвежо време со ниски утрински температури

Од:

Променливо облачно време со сончеви преиоди, свежо и ветровито, најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, попладне локални врнежи и невреме

Претпладне променливо облачно, попладне дожд

А1он

Топло денеска, ќе има и дожд во следните денови, од вторник пониски температури

Заладување од вторник

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени