Уапсени се 10 пијани возачи – меѓу нив и две жени

Од:

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 19 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, поради возење под дејство на алкохол од слобода се лишени М.Р.(24) од скопско, Н.К.(23) од демирхисарско, Х.Т.(20) од Битола, Ф.А.(24) од Куманово, С.И.(33) од кумановско, З.Л.(49) од Свети Николе, Г.С.(45) од Делчево, Г.Ч.(48) од Кавадарци, 26-годишната К.Р. од Кавадарци и 34-годишната З.Б.П. од Велес.

Осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.В.(47) и М.Ј.(23), двајцата од Скопје, Б.И.(20) од с. Драчевица, скопско, Р.Т.(18) од Гевгелија, З.Х.(59) од с. Локвени, прилепско, А.Р.(34) од с. Горна Речица, тетовско и двајца 16-годишници од гостиварско.

Додека пак, поради возење со активна забрана за управување моторно возило од слобода е лишен И.Б.(39) од Скопје.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

На тротоар прегазена 74 годишна радовишанка

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Уапсен е 37 годишник од скопско Марино – возеше со над 3 промили алкохол во крвта

А1он

Со автомобил прегазен пешак во Прилеп – возачот побегна

А1он