„Ја разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулаторна, РЕК, Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар. Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо“, вели Кети Штерјова од СДСМ на прес-конференција.
Според неа, „се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска. Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо“.
„Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра. Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја. Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра. А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group. Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја. Кој е клучниот линк до Руднап? Сања Божиновска, министерката на Мицкоски за енергетика“ вели Штерјова.
Таа вели „Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа. Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија. „Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски. Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика“.
