Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво