Што му понудија Кушнер и Виткоф на Зеленски?

Од:

Специјалните американски пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер претставија ажурирани верзии на претходните американски мировни предлози за време на средбата со украинската страна во Киев, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на свои извори.

Според нивните наводи, главната точка на несогласување сè уште е прашањето за територијата.

Како што пренесува „Фајненшл тајмс“, ревидираните предлози ги земаат предвид променетите околности; американските пратеници не понудиле многу нови идеи, туку се обиделе да ги оживеат претходните предлози и да ги намалат разликите во ставовите на Киев и Москва.

Клучната точка на несогласување сè уште е територијата на Донбас – област за која Русија полага право и од која контролира околу 75 отсто, но за која украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано повторува дека нема да ѝ биде отстапена на Русија, исто како и која било друга украинска територија под контрола на руските трупи.

За време на средбата, двете страни се согласија дека е малку веројатно војната да заврши пред зимата, а американските претставници разговараа за начини како да ѝ се помогне на Украина во текот на претстојната зима.

Кушнер и Виткоф му рекоа на Зеленски дека веруваат оти може да се постигне одреден напредок пред зимата.

По средбата, Зеленски изјави дека тема на разговорот било прашањето за териториите, но и нагласи дека тоа треба да се реши „на ниво на лидерите“.

Кушнер рече дека САД се надеваат оти ќе се обноват преговорите меѓу Русија, Украина и САД, кои се во застој уште од почетокот на војната во февруари оваа година.

Кушнер и Виткоф во саботата разговараа со рускиот претседател Владимир Путин и неговиот тим во Москва, по што во неделата отпатуваа за Киев за да се сретнат со Зеленски и неговиот тим.

Би можело да ве интересира

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он

Кушнер: Трамп е решен да види крај на војната меѓу Русија и Украина

Песков: Повикот до Зеленски да дојде во Москва сè уште важи

А1он

Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира 1.000 дронови дневно кон Русија

А1он

Зеленски ја сподели пораката што му ја испратил Трамп за Денот на независноста

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Најреален период за крај на војната е до следното лето

А1он