Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадемe, таква држава ќе имаме

Од:

Асномскиот завет вели – каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова на денешната панел дискусија на тема „8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци“.

Според претседателката Силјановска Давкова, држава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право.

-Асномскиот завет кој вели – каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме. По мое мислење, умерените и умни лидери во деведесеттите години биле Глигоров, Стојан Андов, Никола Кљусев, Петар Гошев, Абдураман Алити… кои успеаја од тој вртлог на војна со своето знаење и мудрост, но и државничкиот однос на еден умерен начин да исчекорат, и тоа е многу важно. Според еден научник, може за шест дена да скицирате устав, може за шест месеци да зацртате либерална економија, ама ви требаат шеесет години да изградите функционална демократија. Таа не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, нагласи Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

А1он

Сиљановска-Давкова: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински – македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки

А1он

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател Бака

А1он

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски