Во експлозија пред полициската управа во централниот дел на Турција, загина еден, а повредени се најмалку 20, соопшти турската приватна телевизија НТВ, пренесува БТА.
Најмалку пет од повредените се во сериозна состојба.
Досега никој не ја презеде одговорноста.