Корисниците низ регионите денеска околу 17 часот пријавиле прекини на услугите на OpenAI. Веб-страницата за следење на прекини Downdetector документирало зголемување на пријавите, односно обемот на пријави од корисниците на платформата достигнал над 30.000 во рок од еден час.

Записите укажуваат на неуспеси кога поединци се обиделе да пристапат до ChatGPT, да пренесуваат барања и да отвораат системски страници.
Официјалната страница за статус на OpenAI моментално покажува „Elevated errors across ChatGPT and Codex“, односно зголемен број грешки, и проблемот сè уште се истражува. Има и извештаи дека денес, 3 септември, ChatGPT не функционира или работи нестабилно кај корисници во повеќе земји.
