Мицкоски: Ние знаеме каде ја водиме Македонија – кон просперитет и иднина

Од:

Многу јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен. Ние знаеме каде ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање поврзано со отворање дата-центри во земјата.

– Нашата опозиција не само што се однесува неодговорно кон економијата, кон државата, кон граѓаните, туку е изолирана. Изолирана со уште неколкумина, би рекол, во светот, во ова да се борат силно против центрите за податоци или во јавноста познати како дата-центри – рече Мицкоски.

Премиерот притоа посочи на порака на социјалните мрежи на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се обраќа до противниците на развојот на оваа индустрија во неговата земја. Според Мицкоски, многу јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен.

– И секогаш кога ќе појдете на исток, особено во азиските земји, кога ќе ги видите оние хуманоидни роботи, кога ќе видите како таму функционираат сообраќајните решенија, кога ќе се соочите со тие предизвици, тогаш се враќате овде со восхитување. А кога овде Владата ќе ви каже: Ајде луѓе ние да направиме нешто’, е тогаш сте против, е тогаш работата не чини. Така што, тие нека си продолжат со својот талог и со своето политичко мочуриште. Ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина, барем јас додека ја водам оваа Влада. Понатаму нека си мислат следните влади – рече Мицкоски, кој денеска беше во посета на училиште во Бутел.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

(ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау