МВР информира дека рано утринава околу 02:30 часот во СВР Скопје на бул. „Србија“ во Скопје, 17-годишен малолетник од Скопје управувајќи мопед, падна и се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Претходно, малолетникот не застана на даден знак за запирање од страна на полициски службеници на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и при тоа е утврдено дека не поседува возачка дозвола, а мопедот не е регистриран.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
