Видеолотарија навива: Иџе во Словенија ја отвора новата тркачка ера

Од:

Овој викенд во Илирска Бистрица – Словенија, Игор Стефановски – Иџе со прв официјален настап со новиот болид.

На претпоследниот викенд во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки во Словенија, ќе се случи првото сериозно мерење на новиот болид. Игор Стефановски – Иџе на оваа трка настапува во најпрестижната и најбрзата категорија на Европскиот шампионат -Категорија 2, категоријата на болиди и прототипи, која ги обединува најбрзите машини на ридските патеки.

Ова е историска сезона за него бидејќи по трите европски титули во Категорија 1 со затворени автомобили, Иџе направи огромен чекор напред. Тој сега вози ултрамоќен, специјално конструиран прототип Nova Proto NP01, често нарекуван и Норма, чија технологија е блиска до болидите од Формула.

„Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почувствувам неговите перформанси. Затоа и одлучив да тркам вo Илирска Бистрица, вели Стефановски, кој не ја крие возбудата пред првиот голем тест со новата машина.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

 

 

Би можело да ве интересира

Видеолотарија Казинос Австрија ја поддржува уметноста: „Дамата со камелии“ на сцената на Националната опера и балет

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври

Катерина Ѓуровски

Работење без лиценца, спорни милионски влогови во фирмите за онлајн коцкање на Државна лотарија

Катерина Ѓуровски

Среќни ВЛТ вести: Битолчанец освои супер милионер вреден 6.815.331 денари

Катерина Ѓуровски

ДВЛМ со системски пристап кон одговорното играње

Среќни ВЛТ вести: Д.Н. од Скопје освои Супер милионер вреден 6.367.443 денари