Претседателот на Иран: Излегување од состојба „од војна во мир“ не претставува капитулација

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан оцени дека меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин Иран да излезе од состојбата „од војна во мир“, нагласувајќи дека договорот не претставува капитулација и е во интерес на земјата.

Во говорот пренесен од државната новинска агенција ИРНА рано утринава, Пезешкијан изјави дека членовите на Врховниот совет за национална безбедност на Иран оцениле оти меморандумот е најдобриот можен договор, заснован на принципите на достоинство, мудрост и национален интерес.

„Во договорот со САД нема одредба што претставува капитулација. Врховниот лидер ја одредува политиката и ние ќе го следиме тој пат“, изјави тој.

Меморандумот за разбирање, што американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша во јуни, постави амбициозен рок од 60 дена за завршување на војната со Иран и постигнување договор за иранската нуклеарна програма.

Тој рок истече минатата недела, а двете страни остануваат далеку од договор, без знаци за компромис околу клучниот проблем за повторно отворање на Ормускиот теснец, кој е од витално значење за светскиот поморски сообраќај.

Иако нагласи дека Техеран нема намера да им попушти на своите противници, Пезешкијан го поврза договорот и со економските перспективи на Иран, велејќи дека земјата не може да привлече инвестиции во оваа фаза на стагнација.

„Капиталот и парите се исклучително чувствителни на ризик. Мораме да го отстраниме тој ризик од земјата“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Иран им се закани на сојузниците на САД: Следниот одговор ќе биде поинаков

А1он

Пезешкијан: Иран никогаш нема да се откаже од дијалогот со САД

А1он

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

А1он

Трамп со остри закани за Иран: Нека се однесуваат како што треба, ќе ја уништам цела нација

А1он

Багеи: САД ја започнаа војната, а сега светот ја плаќа сметката

А1он