Багеи: САД ја започнаа војната, а сега светот ја плаќа сметката

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека САД ја започнаа војната и очекуваат „целиот свет да ја плати сметката“, додека го прикажуваат Иран како страната што го предизвика хаосот.

Багеи истакна дека теснецот Хормуз беше целосно отворен сè до 28 февруари, кога САД го нападнаа Иран.

„Вашингтон започна незаконска и брутална војна во регионот и го попречи нормалниот тек на комерцијалниот поморски сообраќај. Танкерите се сопираат, трговијата е нарушена, а цените на енергенсите растат. САД сега се обидуваат да му се оправдаат на светот за пореметувањето што самите го создадоа и за тоа да го обвинат Иран“, напиша Багеи на социјалната мрежа „Икс“.

Според него, во наративот наметнат од Вашингтон, војната започната од САД мора некако да се претстави како цена што светот ја плаќа поради однесувањето на Иран.

„Америка ја започна војната, но очекува целиот свет да ја плати сметката, додека го прикажува Иран како страната што го предизвикала овој хаос. Тоа е целосно бесмислено“, заклучи Багеи.

Покрај својата објава, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи прикачи и исечок од популарната американска анимирана серија „Симпсонови“, во кој главните ликови палат оган и велат дека нема причина за грижа бидејќи станува збор за контролиран оган, за веднаш потоа да сфатат дека тој сепак излегол од контрола.

Би можело да ве интересира

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Иран им се закани на сојузниците на САД: Следниот одговор ќе биде поинаков

А1он

Пезешкијан: Иран никогаш нема да се откаже од дијалогот со САД

А1он

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

А1он

Трамп со остри закани за Иран: Нека се однесуваат како што треба, ќе ја уништам цела нација

А1он

Трамп: Иран е официјално пропадната држава со раководство во хаос

А1он