Трамп со остри закани за Иран: Нека се однесуваат како што треба, ќе ја уништам цела нација

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за ескалација на воените напади врз Иран, откако за време на викендот предвреме го напушти претседателското одморалиште „Кемп Дејвид“, објави „Фокс њуз“.

Трамп денеска за телевизискиот канал изјави дека „некои ирански функционери се кријат“ и оти САД не можат да најдат никого со кого би можеле да постигнат договор.

„Во фаза сум на одлучување“, рече Трамп, додавајќи дека „ќе се случат многу големи работи“ во војната меѓу САД и Иран.

„Прашањето е: дали и кога треба да ја уништам целата нација? Подобро нека се однесуваат како што треба“, рече Трамп, осврнувајќи се на можниот понатамошен развој на конфликтот.

Американскиот лидер се врати во Белата куќа во саботата вечерта, откако предвреме го напушти претседателското одморалиште „Кемп Дејвид“ во Мериленд, според информациите на „Фокс њуз“.

Хеликоптерот „Марин 1“ слета на тревникот во близина на Белата куќа околу 20 часот по локално време, откако Трамп замина од „Кемп Дејвид“.

Неговото враќање во Вашингтон се случува во момент кога администрацијата ги разгледува следните чекори во врска со војната со Иран, како и пред патувањето на Трамп во Њујорк следната недела за учество на Генералното собрание на Обединетите нации.

Трамп претходно изјави дека „веројатно би бил отворен“ за средба со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во Њујорк.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, исто така, во саботата вечерта најави интензивирање на американските воени активности.

„Централната команда ќе има полни раце работа вечерва бидејќи претседателот Трамп рече дека силно ќе го удриме Иран – и тоа ќе го направиме“, напиша Хегсет на социјалната мрежа „Икс“.

Би можело да ве интересира

Хамнеи ја зголеми борбената готовност – Иран се подготвува за можен нов конфликт

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

А1он

Трамп ја нарече „смешна“ уредувачката политика на „Фокс њуз“, ги повика поддржувачите да не го гледаат тв каналот

А1он

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија