Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Од:

Во Македонија е регистриран уште ден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход.

-Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка, истакна Цана.

Починатиот е од Скопје, од Аеродром (Ново Лисиче).

Заедно со него, до денес вкупно пет лица се починати од западнонилска треска во државава.

Според директорот на Клиниката за инфективни болести, скоро секој ден по некој се хоспитализира и бројката е околу 20 до 21.

Би можело да ве интересира

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази