Филипче: Суров и нечовечен однос на Мицкоски и Владата кон лозарите

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски и Владата и оваа година продолжуваат со суровиот и нечовечен однос кон лозарите, кои среде берба се соочуваат со понижувачки откупни цени и огромен раст на трошоците за производство, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Тиквешкиот регион и средбите со лозарите.

„За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата Влада, министерот за земјоделие исто така, кон лозарите, поради тоа што нудат понижувачки откупни цени на грозјето“, рече Филипче.

Тој посочи дека додека откупните цени се понижувачки, трошоците што ги имаат лозарите за да го произведат грозјето се многукратно зголемени.

„Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму, трошоците се зголемени и за работната рака. 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со коишто се ѓубри земјиштето“, истакна Филипче.

Поради ваквата состојба, СДСМ бара итна реакција и зголемување на откупните цени, а ќе поднесе и предлог-закон во Собранието со кој цената на сите сорти винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм.

„Затоа бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог-закон во Собранието, со кој откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм“, рече претседателот на СДСМ.

Филипче побара и укинување на попустот од 8% што винарите го бараат како предуслов за веднаш да го платат откупеното грозје.

„Понатаму, да се укине попустот од 8% којшто винарите го нудат како предуслов да ја платат веднаш целата количина на грозје којашто ќе ја откупат“, рече Филипче.

Третата мерка што ја предлага СДСМ е државата интервентно да го откупи црното грозје кое би останало непродадено.

„Трето, да се донесе интервентна мерка, затоа што има најави дека не целото црно грозје ќе биде откупено. Целото црно грозје коешто ќе им остане на лозарите да биде откупено од страна на државата“, порача Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека ова е најмалку што државата може да го направи за луѓето кои секојдневно работат на високите температури, ги вложуваат последните заштеди и се борат да обезбедат егзистенција за своите семејства.

„Ова е најмалку што заслужуваат нашите лозари, ова е најмалку што заслужуваат овие луѓе коишто од сабајле до вечер на ова јако сонце работат да ги прехранат своите семејства, луѓето коишто ги извадиле последните заштедени пари во текот на минатата година да купат ѓубриво, да ги платат работниците, да платат гориво, да платат вода, со цел оваа година да има соодветен род“, рече Филипче.

„Ова е најмалку што оваа ненародна, предавничка власт на Христијан Мицкоски може да направи за овие луѓе“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока

Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, во Гостивар никој не лажеше

Предраг Петровиќ

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ