Иран: Америка не го разбира јазикот на дипломатијата

Од:

Претседателот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, денеска на платформата „Икс“ напиша дека Соединетите Американски Држави покажаa оти не го разбираат јазикот на дипломатијата.

Тој додаде дека САД нема ниту да ги укинат санкциите, ниту да ги одмрзнат иранските средства, ниту пак да стават крај на „поморското пиратство“.

Азизи заклучи дека „историјата ќе покаже оти јазикот на силата ќе ги принуди“ САД не само да ги преземат тие чекори, туку и да му се извинат на големиот ирански народ и засекогаш да го напуштат регионот.

Би можело да ве интересира

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Иран им се закани на сојузниците на САД: Следниот одговор ќе биде поинаков

А1он

Пезешкијан: Иран никогаш нема да се откаже од дијалогот со САД

А1он

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

А1он

Трамп со остри закани за Иран: Нека се однесуваат како што треба, ќе ја уништам цела нација

А1он

Багеи: САД ја започнаа војната, а сега светот ја плаќа сметката

А1он