Ѕвездата на „Американска пита“ за девет дена заработила милион долари на OnlyFans: „Сакам да ги поместам границите“

Од:

Американската актерка Шенон Елизабет откри дека во иднина би можела дополнително да ги помести границите на содржината што ја објавува на својот OnlyFans профил, кој досега ѝ донел повеќе од еден милион долари.

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ вели дека сè уште истражува каква содржина сака да објавува и дека со текот на времето би можела да стане поотворена.

„Морам да бидам малку мистериозна. Објавувам различни видови содржина, но дури ни јас самата не знам каде ќе бидат моите граници. Сè уште го истражувам тоа и како станувам сè поопуштена, сакам да ги поместувам тие граници“, изјави Елизабет за Variety.

Елизабет (52) го отвори својот OnlyFans профил на 16 април, набргу откако поднесе барање за развод од сопругот Сајмон Борхерт.

Само една недела по отворањето на профилот, Page Six ексклузивно објави дека актерката заработила повеќе од еден милион долари. Елизабет подоцна откри дека до таа сума стигнала за само девет дена.

„Надминав еден милион долари за девет дена. Тоа навистина беше изненадување и ми беше чест што моите фанови ме поддржаа“, изјави таа.

Активистката за заштита на животните призна дека не знаела што да очекува кога се приклучила на платформата заснована на претплата, но реакцијата на јавноста ја опиша како многу позитивна.

„Постојано разговарам со луѓето и беше многу забавно“, раскажа таа.

Елизабет истакнала и дека нејзиниот пример го следеле бројни актерки, меѓу кои и 85-годишната ѕвезда на серијата „Knots Landing“, Дона Милс, како и актерката од серијата „Battlestar Galactica“, Триша Хелфер.

„Почнуваме да ја враќаме платформата на она за што првично беше наменета. Не мора да биде само за содржина за возрасни. Може да биде што и да посакате“, објасни таа.

Одлуката да го отвори OnlyFans профилот Елизабет ја донела во период на големи промени во приватниот живот. Како што раскажала, минувала низ развод во Јужна Африка и разговарала со својот менаџер Џо за тоа кој ќе биде нејзиниот следен чекор и како повторно да започне некои работи во животот.

„Навистина занемарив многу работи, а тој го спомна ова како една од можностите“, рече таа.

Иако на почетокот не била сигурна дали сака да отвори OnlyFans, откако подетално се информираше за платформата, решила да се обиде.

Актерката признала и дека финансискиот аспект на оваа работа многу ѝ значи, особено затоа што последните десет години живеела од својата заштеда.

„Повторно да стигнам до точка во која не морам да се грижам и можам да ги избирам проектите затоа што ги сакам, а не затоа што ми се потребни парите – дефинитивно ми дава поголема слобода да го правам тоа“, изјави таа.

Елизабет претходно за Page Six открила дека планира дел од големата заработка да го искористи за купување куќа.

Ѕвездата на филмот „Scary Movie“ исто така се надева дека финансиската сигурност што ѝ ја носи OnlyFans ќе ѝ овозможи во иднина да биде поизбирлива кога станува збор за актерските улоги што ги прифаќа.

Би можело да ве интересира

Туристите во Грција предупредени: Летувањето за неколку секунди може да се претвори во трагедија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Вака изгледа новата јахта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ: Долга е 26 метри

Исплива предбрачниот договор на Роналдо и Георгина: Еве како би го поделиле богатството при развод

Се венчаа Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Небесен феномен ќе биде видлив и од Македонија: Еве кога точно почнува и што треба да знаете

Предраг Петровиќ

Бред Пит повторно почна да пие: Бев трезен седум години, но попуштив