Исплива предбрачниот договор на Роналдо и Георгина: Еве како би го поделиле богатството при развод

Од:

Откако Кристијано Роналдо и Георгина Родригез стапија во брак, во јавноста се појави документ кој открива каков предбрачен договор потпишале и како би се делел имотот доколку некогаш дојде до развод.

Двојката се венчала на интимна церемонија во својата вила вредна 30 милиони фунти во ексклузивната област Кинта да Марина во Каскаиш.

Роналдо и Георгина се заедно веќе 10 години, откако се запознале во продавница на Гучи во Мадрид.

Според објавениот документ, тие на 10 август потпишале предбрачен договор во нотарска канцеларија во Лисабон, еден ден пред венчавката.

Во договорот е наведено дека избрале режим на одвоен имот.

Тоа значи дека во случај на развод секој од нив би го задржал имотот што е стекнат и регистриран на негово или нејзино име.

Само имотот кој експлицитно е запишан на двете имиња би се делел меѓу нив.

Со договорот се заштитува и постојаното богатство на Роналдо, како и неговите идни приходи.

Георгина, од друга страна, има сопствени приходи од манекенство, глума, модниот бренд и социјалните мрежи.

Според извештаи од Португалија и „Марка“, во случај на развод Георгина би добивала 100.000 евра месечно.

Наводно, овој дел од договорот стапил во сила по раѓањето на нивната ќерка Алана, со цел да се обезбеди финансиска сигурност за Георгина и нивните деца.

Се тврди и дека луксузната вила на Роналдо во престижната мадридска населба Ла Финца, вредна околу 6 милиони евра, била префрлена на името на Георгина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вака изгледа новата јахта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ: Долга е 26 метри

Се венчаа Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Небесен феномен ќе биде видлив и од Македонија: Еве кога точно почнува и што треба да знаете

Предраг Петровиќ

Бред Пит повторно почна да пие: Бев трезен седум години, но попуштив

Потрошил 600.000 евра и направил 32 операции за да изгледа како Корејка, сега сака повторно да биде маж

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавени нови НЛО снимки кои ја шокираат јавноста, истражителите без објаснување

Предраг Петровиќ