Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово.
Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18:00 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле посетители на локалитетот.
По насоки на јавен обвинител, таа била приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
