Најдобриот играч на Мундијалот 2026 – Родри одмора во Црна Гора

Од:

Најдобриот фудбалер од Светското првенство, Шпанецот Родриго Ернандез, им се придружи на бројните ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот кои ја избраа Црна Гора за место за свој одмор.

Брилијантниот играч од средниот ред, попознат по прекарот Родри, пред неколку дена пристигна во Порто Монтенегро и ги разгледува најголемите атракции во Црна Гора.

Вчера се возеше со жичницата од Ѓеновиќи до Ловќен и уживаше во спектакуларниот поглед на Бока Которска.

Можеби капитенот на репрезентацијата што доминантно стигна до титулата светски шампион на Светското првенство во САД, Канада и Мексико го послуша советот на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој за време на самитот Западен Балкан – Европска Унија препорача посета на Црна Гора, или пак Пеп Гвардиола му раскажал за Црна Гора.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Си го одржа зборот – Кукуреља ја покажа новата тетоважа и ги воодушеви навивачите

А1он

Поради трансферот во Реал, сопругата на Кукуреља добива смртни закани

А1он

Голем удар за Шпанија – ѕвездата на Барселона го пропушта Мундијалот

А1он

Јамал надвор од шпанската репрезентација – Федерацијата незадоволна од одлуката на Барса

А1он

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

Ракитиќ: Сакам да размислувам за Барселона, но никогаш не ја затворив вратата за голема шанса

Ана Ололовска